декември 26, 2025

Недела на стари лица

Во рамки на одбележувањето на Неделата на старите лица, волонтерите на Општинската организација на Црвен крст Гостивар во периодот од 17 до 23 ноември реализираа активности со цел да покажат грижа и почит кон постарите лица во заедницата.

Се организираа посети по домови, каде што на старите лица им беше посветено внимание, разговор и поддршка.

Беа доделени и подароци, со кои се стремевме да внесеме малку радост и топлина во нивните домови.

Овие активности се потсетник дека секој гест на внимание значи многу и дека постарите лица се важен дел од заедницата.

< врати се назад