
Зелен волонтеризам
Во рамките на програмата „Зелено волонтирање“, на 25.11.2025 година, беа одржани неколку едукативни работилници со ученици од четврто одделение во основните училишта.
Целта на активноста беше да се подигне еколошката свест кај најмалите и да се поттикне одговорност кон природата и животната средина.
Работилницата започна со воведен дел каде што волонтерите, преку разговори со децата, објаснија основни еколошки концепти како што се: природа, отпад, рециклирање, животната средина и важноста на зачувувањето на природата.
Потоа се одржа дискусија со учениците за тоа колку често ја посетуваат природата, што забележуваат таму, со какви растенија и животни се среќаваат, како и дали имаат растенија дома и како се грижат за нив.
Активноста се одвиваше во позитивна атмосфера, со големо учество и интерес од страна на децата, кои преку игри и разговори учеа за важноста на заштитата на животната средина.












































