
јануари 23, 2026
Завршување на 2025 година со Црвениот Крст

На активноста за завршување на 2025 година со Црвениот Крст беше одбележан посебен момент за сите волонтери и учесници. За време на активноста беа доделени сертификати за волонтерите кои придонесоа во текот на годината, а беа презентирани и најзначајните активности и достигнувања на организацијата. Мотивирачки и инспиративни говори одржаа лидерката на Младинскиот клуб, Јована Дабевска, секретарката на Општинската организација на Црвениот Крст во Гостивар, г-ѓа Мерита Аљили, и претседателот на организацијата, др. Бесник Зеќири, кои ја истакнаа посветеноста на волонтерите и важноста на нивната ангажираност во служба на заедницата.











































