декември 26, 2025

ЗАВРШЕН НАСТАН ЗА ЦКА-ПХВ 2025

Општинската организација на Црвен крст Гостивар, како дел од ЦКА-ПХВ програмата, секоја година во периодот од 21 до 27 септември ја одбележува Неделата на промоција на хумани вредности, преку која се пренесува порака за унапредување на социјалната вклученост, културата на ненасилство и мир.

По тој повод, на ден 26.09.2025 година, во просториите на Културен дом Гостивар, се организираше завршен настан за ЦКА-ПХВ 2025, на кој беа презентирани овогодинешните ПХВ проекти, реализирани од страна на младите волонтери.

Во рамки на ЦКА-ПХВ 2025 циклусот, волонтерите на Општинската организација на Црвен крст Гостивар изработија вкупно 5 проекти, од кои еден беше оценет со највисоката оценка – „сонце“.

< врати се назад