декември 26, 2025

Успешно реализирана крводарителска акција

Успешно реализирана крводарителска акција

На ден 04.12.2025 година, Општинската организација на Црвен крст Гостивар, во соработка со Службата за трансфузиона медицина – Гостивар и СОУ „Маврово – Ростуше“, реализираше крводарителска акција во знак на хуманост и солидарност.

Хуманоста преку дарување крв ја искажаа вкупно 20 дарители, ученици и наставници од СОУ „Маврово – Ростуше“, кои уште еднаш покажаа дека младите имаат големо срце.

Дарувај крв – спаси живот.

< врати се назад