декември 28, 2025

Стоп за употреба на пиротехнички средства – Прослава без повреди

СТОП ЗА УПОТРЕБА НА ПИРОТЕХНИЧКИ СРЕДСТВА
Црвениот крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гостивар, денес на 28.12.2025 година, во соработка со МВР – СВ Гостивар и ЈЗУ – Здравствен Дом Гостивар, реализираше демонстративна симулациска вежба за последиците од користењето на пиротехнички средства.

Целта на вежбата беше подигање на јавната свест за ризиците од користењето на пиротехниката и промоција на безбедно и одговорно прославување на новогодишните празници.

Нашата порака е јасна: Забранете ја пиротехниката – прослава без повреди.

< врати се назад