ноември 29, 2021

Роденденска прослава

Во рамките на имплементација на пректот ‘‘Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби‘‘ поддржан од Комерцијална Банка, на ден 26.11.2021, волонтерите од клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гостивар со децата од Дневниот центар за деца со посебни потреби организираа роденденска прослава  за дете од Дневниот центар каде што по прославата децата заедно со волонтерите и цртаа.

Целта на оваа активност беше социјализација на децата од Дневниот центар.

Од страна на Општинската организација Гостивар беше обезбеден превоз за децата до нивните домови.

Активноста имаше социјален и креативен карактер.

< врати се назад