
декември 26, 2025
Работилница за Нова година: Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби
Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Гостивар во рамките на имплементација на програмските активности за Проект: ,,Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби,, поддржан од Комерцијална Банка , на ден 28.11.2025 организираше работилница за изработување на честитки по повод Нова година заедно со корисниците, и волонтерите на Црвен крст.












































