октомври 7, 2021

Промовирано новото издание на прирачникот за прва помош

07.10.2021 – По повод Светскиот ден по прва помош,  Црвен Крст на РСМ –  Општинска Организација Гостивар на ден 06.10.2021 под мотото “Биди херој во твоето училиште“, го промовира новото издание на прирачникот по прва помош на наставниот кадар на СЕОУ – Гостивар.

На оваа информативно предавање беа презентирани и обуките по прва помош кој ги одржува општинската организација на Црвен крст Гостивар.

< врати се назад