декември 26, 2025

Продолжуваат активностите по повод „Неделата на старите лица“

Во рамки на грижата и поддршката за постарите лица во нашата заедница, волонтерите на Општинската организација на Црвен крст Гостивар и оваа недела реализираа посети по домови.

Во соработка со Здружението на пензионери, беа посетени нашите највозрасни сограѓани, со кои се оствари разговор, посветувајќи им внимание и време, со цел да почувствуваат дека се ценети и важни.

Грижата за старите лица е наша заедничка одговорност — затоа продолжуваме со љубов и посветеност.

< врати се назад