
Повик за Волонтери – Градската Библиотека



Активноста за регистрирање на волонтери во Градската библиотека има за цел да ги вклучи младите во промоцијата на книгата, знаењето и културата на читање, давајќи им можност активно да придонесуваат во културниот живот на заедницата. Преку оваа активност, волонтерите ќе се ангажираат во поддршка на работата на библиотеката, организирање едукативни активности и создавање пријатна атмосфера за читателите. Активноста ја координира координаторката за млади, Сара Зеќири, која со својата посветеност и енергија ги мотивира младите да станат дел од волонтерските иницијативи и да развиваат лични и социјални вештини, истовремено зајакнувајќи го чувството на одговорност и соработка во заедницата.











































