декември 26, 2025

Панел дискусија за превенција од болести на зависности

Во рамките на активностите за одбележување на месецот за борба против болести на зависности, Општинската организација на Црвен крст Гостивар на ден 26.11.2025 година реализира панел дискусија со своите волонтери.

Дискусијата беше одржана од страна на двајца психолози, Рафиз Ибрими и Билен Карахасан, кои на волонтерите им пренесоа важни информации за психолошките последици од зависностите, начините за препознавање ризични однесувања и значењето на раната интервенција.

Целта на панелот беше подигнување на свеста и јакнење на капацитетите на младите волонтери за активно делување во заедницата, промовирање на здрави животни навики и поддршка на врсничкото образование.

< врати се назад