
ноември 16, 2021
Одржана курс по прва помош за работни организации за вработени во ОУ Наим Фрашери – Неготино Полошко
Црвен крст на Република Северна Македонија- Општинска организација Гостивар на ден 13.11.2021 година спроведе курс по прва помош во работни организации наменета за наставниот кадар на ОУ Наим Фрашери – Неготино-Полошко, Општина Врапчиште.
Курсната настава беше реализирана согласно Правилникот за обука по прва помош во РО, и се одржа во просториите на Општинската организација на Црвен Крст Гостивар од страна на доктор предавач Бесник Зеќири и демонстратор Азра Имери Рамадани.
Вработени на основното училиште Наим Фрашери – Неготино Полошко беа обучени и се здобија со уверенија за укажување на прва помош во РО.