
ноември 1, 2021
Oдбележување на 18 Октомври- Европскиот ден на борба против трговија со луѓе
По повод одбележувањето на 18 Октомври – „Европскиот ден на борба против трговија со луѓе“, Црвениот крст на Република Северна Македонија-Општинска организација Гостивар, на денoт на одбележувањето во просторите на Општинската организација, одржа едукативна работилница на тема ,,Младите во борба против трговија со луѓе”.
Целта на предавањата беше подигање на свеста на младите, препознавање на начините преку кои младите можат да бидат вовлечени во ланецот на трговијата со луѓе и нивна самозаштита. На едукација присуствуваа волонтери од клувот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија Општинска организација Гостивар.