
декември 26, 2025
Недела на борба против туберкулоза
14 – 21 септември 2025
Црвен крст на Република Северна Македонија општинска организација Гостивар во рамките на традиционалните активности ја одбележа неделата на борба против туберкулоза под мотото:
„Да! Можеме да ставиме крај на ТБ“
По овој повод волонтерите на Општинската организација на Црвен крст Гостивар, споделуваа флаери на граѓаните со цел подигнување на јавната свест за ова болест за важноста од навремена превенција и рана дијагностика на туберкулозата.












































