
Недела на борба против ХИВ/СИДА
Во рамките на едукативните и здравствените активности, Општинската организација на Црвен крст Гостивар, на ден 02.12.2025 година, реализираше информативна работилница посветена на подигнување на свеста за ХИВ/СИДА. Работилницата се одржа во ОСТУ Гостивар со цел да им се обезбедат на младите точни и доверливи информации поврзани со сексуалното здравје и превенцијата од инфекции.
За време на работилницата, учениците беа запознаени со начинот на пренесување на ХИВ вирусот, мерките за превенција, значењето на редовното тестирање и грижата за здравјето. Посебно внимание беше посветено и на стигмата и предрасудите со кои се соочуваат лицата што живеат со ХИВ, со цел промовирање на емпатија и почит кон секој поединец.












































