
Недела на борба против дијабетес
Под мотото „Здрави животни навики во превенција на дијабетес“, Општинската организација на Црвен крст Гостивар ја одбележа Неделата на борба против дијабетес со едукативна работилница и превентивни здравствени прегледи.
Во соработка со Здружението на пензионери од Гостивар, беше организирана работилница на тема дијабетес, одржана од страна на д-р Вјолца Бешири и медицинска сестра, со цел подигнување на свеста за важноста на раното откривање и контролирање на шеќерната болест.
По работилницата, беа извршени бесплатни мерења на шеќер во крвта кај повозрасните лица, како дел од активностите за рана детекција и промоција на здрави животни навики.
Благодарност до сите учесници кои придонесоа за успешно реализирање на оваа работилница.












































