
декември 26, 2025
Мотивациски едукации за крводарителство!
Во период од 09.-12.12 2025 година, Општинска организација на Црвен Гостивар организираше активности за подигнување на свеста за дарувањето крв, во СОМУ Гостивар.
Едукациите на тема „Дарувај крв, биди хуман“ ги реализираа мотиваторите Јована Дабевска на македонски јазик и Канита Демири на албански јазик.
Целта на овие едукации е да ги мотивираат младите како идни првократни дарители и да поттикнат развивање на култура на хуманост и солидарност.












































