декември 26, 2025

Меѓусебна соработка и размена на искуства како основа за развој

По повод на меѓусебната соработка и размената на искуства, на 19 и 20 септември во Општинска организација на Црвен крст Гостивар, имавме чест да ја пречекавме делегацијата од Албански Црвен крст – огранок Елбасан.

Седумчлената делегација имаше можност да се запознае со организациската структура и со целиот тим на нашата организација, што придонесе за подлабоко разбирање на нашето секојдневно работење. Дополнително, проф. Фаик Алили им го претстави делокругот на активностите на младите волонтери и начинот на кој тие ја оживуваат мисијата на организацијата.

Посетата беше збогатена и со учество на Државниот натпревар по прва помош што се одржа во Гостивар, каде заедно со нашите гости го почувствувавме духот на хуманоста и солидарноста.

Убедени сме дека оваа средба претставува почеток на едно трајно пријателство и успешна соработка со Црвен крст Елбасан, што во иднина ќе резултира со многубројни заеднички активности и иницијативи.

< врати се назад