март 7, 2026

Крводарителска акција во Полициска станица Гостивар

На ден 26.01.2026 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гостивар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, реализираше крводарителска акција во Полициска станица Гостивар.

Во акцијата учествуваа 18 крводарители, полициски службеници кои уште еднаш ја потврдија својата хуманост и општествена одговорност.

Изразуваме искрена благодарност до сите учесници и до Полициска станица Гостивар за поддршката и континуираната соработка.

Дарувај крв – спаси живот.

< врати се назад