декември 26, 2025

Крводарителска акција во Полициска станица Гостивар

На ден 20.11.2025 година, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гостивар, во соработка со Институтот за трансфузиона медицина, организираше крводарителска акција во Полициска станица Гостивар.

Својата хуманост ја покажаа 20 дарители, полициски службеници кои уште еднаш докажаа дека покрај професионалната посветеност, имаат и големо срце.

Изразуваме длабока благодарност до сите учесници и до Полициската станица Гостивар за поддршката и долгогодишната соработка.

< врати се назад