
Крводарителска акција во чест на д-р Трајче Нешковски
На ден 10.10.2025 година, во просториите на Општинската организација на Црвен крст Гостивар, се спроведе крводарителска акција во соработка со Службата за трансфузиона медицина – Гостивар и Хуманитарното здружение на граѓани „Др. Трајче Нешковски“ Гостивар.
Со оваа акција се оддаде почит и сеќавање на д-р Трајче Нешковски, човек со големо срце, лекар кој својот живот го посвети на грижата за здравјето и хуманоста. Неговиот професионализам, посветеност и човечност оставија длабока трага во нашата заедница и остануваат како инспирација за сите нас.
Искрена благодарност до сите кои со својот хуман чин се вклучија во акцијата и даруваа крв – највредниот подарок што може да се даде. Вашата поддршка и хуманост спасуваат животи.
Дарувај крв – спаси живот.












































