
ноември 1, 2021
Креативна работилница со младите и децата од Дневниот центар – Гостивар
Во рамките на имплементација на пректот ‘‘Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби‘‘ поддржан од Комерцијална Банка, на ден 29.10.2021, волонтерите од клубот на млади на Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гостивар со децата од Дневниот центар за деца со посебни потреби организираа креативна работилница на која изработиа маски и украси за одбележување на Halloween – ноќта на вештерките.
Од страна на Општинската организација Гостивар беше обезбеден превоз за децата до нивните домови. Активноста имаше социјален и креативен карактер.