
декември 26, 2025
Хуманитарна акција – „Топол леб, топло срце“
Во рамките на Неделата на борба против гладта, денес (16 октомври 2025 година), Црвен крст на РСМ – Општинска организација Гостивар реализираше хуманитарна активност во соработка со „Жито Лукс“, по повод Светскиот ден на лебот.
Како општествено одговорна компанија, „Жито Лукс“ донираше 500 свежи лебови, кои беа распределени до 250 лица од социјален ризик на подрачјето на општина Гостивар.
Упатуваме искрена благодарност до „Жито Лукс“ за покажаната хуманост, доверба и поддршка кон ранливите категории во нашата заедница.












































