
декември 26, 2025
Европски ден на борба против трговија со луѓе
Општинската организација на Црвен крст Гостивар денес, на 17.10.2025 година, организираше едукативна работилница по повод одбележувањето на Европскиот ден на борба против трговијата со луѓе.
На работилницата се разговараше за превенцијата, заштитата на жртвите и улогата на заедницата во справувањето со овој сериозен облик на кршење на човековите права. Посебен акцент беше ставен на подигањето на свеста кај младите и важноста од навремено препознавање на ризиците.
Да не молчиме пред трговијата со луѓе. Секоја жртва има лице, секој глас е важен.












































