
ноември 23, 2021
Дисеминациска работилница во СОУ Ростуше, Општина Маврово и Ростуше
Согласно планираните активности во имплементација на годишната програма, Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинската организација Гостивар, на ден 23.11.2021 (вторник) организираше дисеминациска работилница со учениците од средното општинско училиште во с.Ростуше, Општина Маврово и Ростуше.
Учениците покажаа голем интерес за вклучување на активностите на клубот на млади при Општинкста организација на Црвен Крст Гостивар.