декември 26, 2025

Акција за дарување крв X Go Bikers

На ден 04.11.2025 година, Општинската организација на Црвен крст Гостивар, во соработка со Службата за трансфузиона медицина – Гостивар и клубот на мотористи „Go Bikers Gostivar“, реализираше крводарителска акција во знак на хуманост и солидарност.

Хуманоста преку дарување крв ја искажаа вкупно 24 дарители, членови на клубот „Go Bikers“, кои уште еднаш покажаа дека моторџиите имаат големо срце.

Дарувај крв – спаси живот.

< врати се назад