
декември 26, 2025
5 Декември – Меѓународен ден на волонтерството
Денес им оддаваме признание на сите волонтери кои несебично го посветуваат своето време, енергија и срце за да им помогнат на оние на кои им е најпотребно. Волонтеризмот претставува сила што обединува, инспирира и создава надеж, носејќи позитивни промени во животите на поединците и заедницата во целина.
Општинската организација на Црвен крст Гостивар изразува длабока благодарност до сите наши волонтери — вистинските херои во секојдневието, кои со својата хуманост, солидарност и пожртвуваност ја прават хуманата мисија жива и видлива.
Ви благодариме што сте дел од хуманото семејство.
Заедно сме посилни.











































