
декември 26, 2025
3 Декември – Светски ден на лица со попреченост
Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гостивар, во рамките на имплементацијата на програмските активности од Проектот „Подобрување на социјализацијата на деца и млади со посебни потреби“, поддржан од Комерцијална банка, на ден 03.12.2025 година организираше коктел по повод Светскиот ден на лицата со попреченост.
Коктелот беше збогатен со дружење и споделување позитивни моменти, кои корисниците ги создаваа заедно со волонтерите на Црвениот крст.












































