декември 26, 2025

1 октомври – Меѓународен ден на постарите лица

Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Гостивар го одбележа 1 Октомври – Меѓународниот ден на старите лица. По тој повод, во просториите на Општинската организација на Црвен крст Гостивар, во соработка со Здружението на пензионери Гостивар, се организираше работилница за мерење на крвен притисок и шеќер во крвта.

Оваа активност имаше за цел да ја поттикне грижата за здравјето, да ја подигне свеста за превенцијата и да ја унапреди благосостојбата на постарите лица во нашето општество.

< врати се назад