
1-7 октомври – Недела на млади
Општинската организација на Црвен крст Гостивар традиционално од 1 до 7 октомври ја одбележува Неделата на млади.
По тој повод, на ден 07.10.2025 година, во просториите на Општинската организација Црвен крст Гостивар беше организирана информативна работилница за волонтерите на тема „Безбедност на волонтерите“.
Целта на работилницата беше подигнување на свеста кај волонтерите за значењето на зачувувањето на личната безбедност за време на нивните хуманитарни активности, како и нивно опремување со практични знаења и конкретни насоки за справување со различни ситуации на терен.
Одбележувањето на Неделата на млади претставува афирмација на нивното учество како активни лидери во заедницата, посветени на волонтеризмот, солидарноста и хуманоста.












































